Преку Балканот, џихадистите ќе ја освојуваат Европа


На крилјата на „белите ѓаволи“ како што ги нарекуваат младите екстремни муслимани од Босна, вахабизмот се шири на Балканот, но и во Европа, пишува српскиот весник „Вечерни Новости“.

Инспирирани  од вахабизмот и салафизмот се роди нова генерација на домашни џихадисти. Незабележителни, остапувајќи од класичен изглед на вахабистите, со брада и кратки панталони, вехабиите од Босна се сериозна закана за мирот, предупредува Генералниот директорат за надворешни односи на ЕУ.

Во студијата “Салафизам-вахабизам” експертите посочуваат дека Босна стана предворје на џихадот. „Белите ѓаволи“  војуваат низ целиот свет, од Авганистан преку Чеченија и Турција во Сирија.

djihadisti„На територијата на поранешна Југославија, вахабистите прво се вгнездија во Босна и Херцеговина за време на граѓанската војна, а денес нивното влијание се шири“, вели за Новости професор Драган Симеуновиќ од Академијата за национална безбедност, појаснувајќи дека за време на војната, некои од нив ги направија најужасните злосторства.

Во Косово, објаснува професорот, се најслободни бидејќи таму нема кој да ги спречи. Во Санџак  основале терористичка група која вежба на планината Нинај. Додава дека во Црна Гора ги има во помал број, но доволно за да создадат сериозни проблеми, а за тоа ќе бидат дополнително мотивирани кога Црна Гора ќе влезе во НАТО.

Се претпоставува дека вахабистичкото движење бори 3.000 од вкупно 1,4 милиони муслимани во Босна, а најмногу од нив ги има во Сараево. Во студијата на ЕУ се вели дека екстремистите, околу 3.000 стигнале во Босна за време на војната носејќи со себе пари и оружје. Тука и се бараат почетоците на салафизмот.

Вахабистите или на босански „вахабије“ се следбеници на исламска секта од Средна Арабија која во 18 век ја основал Мухамед Ибн Абд ел Вахаб. На почетокот се бореле против турската власт, а потоа се приклучиле кон арапските феудалци. Денеска вахабизмот е службена религиска варијанта со призната идеологија меѓу богатите во Саудиска Арабија, а се практикува во уште неколку исламски земји.

islam-sad-warНо, вахабизмот, пред се’, го бие лош глас бидејќи во овој ред припаѓал и големиот терорист Осама бин Ладен.

„Вахабистите ги менуваат правилата на животот и начинот на исповедање на верата со помош на пари и сила, вели Симеуновиќ кој појаснува дека тие прво се закана за муслиманите, а потоа на ред се неверниците.

Според податоците од ЕУ во Босна престојувал и Насер Ахмед Насир Абдулах ал Бахри или познат како Абу Џандал, личен телохранител на Осама бин Ладен.

„Опасноста од вахабизмот на Балканот е реална и во пораст“, тврди професорот. „Нивниот број и влијанието на Балканот постојано расте благодарејќи на нивните пари и сиромашните балкански муслимани. Невработените следбеници на вахабизмот примаат и по неколку стотини евра месечно, а на ним тоа многу им значи“, појаснува тој додавајќи дека многу муслимани од Косово им се приклучуваат само поради парите.

Истражувањата покажуваат дека за 40 отсто од муслиманите во Босна вахабистите не се неприфатлива опција и дека дури 12 отсто од нив се подготвени да им се приклучат. На балканските муслимани се’ помалку им смета нивната строгост, начин на облекување, молење и односот кон џамијата и драстичните правила како обрежување на жените за да немаат грешни мисли.

Според професорот Симеуновиќ стратегија со која вехабистите настапуваат во Европа е се поеластична.

„Така, на пример, веќе не е обврзувачки носењето брада, ако “брадата се носи во срце“. Еден од лидерите на вахабистите, Екрем Авдијуа од јужниот дел на Косовска Митровица, кој на времето во рамки на ОВК го формираше муџахединскиот одред од стотина вахабисти, кого српската власт го приведуваше, па пушташе, денеска е познат што праќа оружје и на други начини помага основање на вахабистички терористички групи во Санџак, на кои лидерите им се убиени или во затвор“, појаснува тој.

Иако со порастот на бројот на вахабисти на Балканот реално расте и опасноста од тероризам, Симеуновиќ, нагласува дека тоа не смее да доведе до параноичен однос спрема муслиманите, бидејќи и тие се нивни жртви. Тој потсетува дека терористичката група од Нинај прво сакала да подметне бомба во џамијата во Нови Пазар.

islamisticka-grupa-krem-otrov-kvake-automobili-london-1351380867-224019„Соочени со се’ поголемото влијание на вахабизмот на Балканот, Америка во Турција виде сила која ќе го потисне, бидејќи поголемиот дел од муслиманите на Балканот  е врзан со т.н. традиционале ислам, кој е донесен на Балканот за време на турската окупација“, вели тој и додава дека Турците навистина не го сакаат вахабизмот во Турција, но ссепак тоа не е доволно. а тој од тука може лесно да се прошири и таму и  затоа тие ќе ги дадат сите сили за го спречат…Но, едно е сигурно – вахабистите дојдоа, и со нив на проблемите

„Вахабистите се национална опасност, но и закана за регионалната и меѓународната безбедност“, вели Џевад Галијашевиќ, експрет за тероризам.

Вахабистичкото движење, е претежно верско, но  може да се смета и за политички феномен, а неговото делување како облик на политичко насилство е тероризам“, вели тој за „Новости“.

„Со силна проповед за геноцид ,тактики и цели, вахабизмот покажува јасна намера да се воспостави исламска држава на глобално ниво. Тие не бираат средства ниту се грижат за последиците – предупредува  Галијашевиќ.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1