Преку Google можете да го пронајдете вашиот украден телефон, а еве и како!


Пребарувачот Google воведе нова опција која што ќе ви помогне да го пронајдете вашиот изгубен или украден телефон.

Она што треба да го направите е да отворите „Chrome“, и во делот за пребарување односно „search bar“, да напишете само „find my phone“. Доколку Андроидот од вашиот телефон е поврзан со Gmail, ќе се појави карта на
која ќе можете да ја видите локацијата на вашиот уред.

iphone6666

Доколку тоа не ви функционира треба да се најавите преку www.google.com/android/devicemanager за да дојдете до истото мени.

Исто така, можете да уклучите ѕвонење на телефонот до максимум пет минути. На тој начин доколку сте го изгубиле полесно ќе го најдете. Интересно е и тоа што имате и можност да го блокирате телефонот и да ги избришите сите податоци од него.

За да биде вашиот телефон точно лоциран морате преку следните оплции, (settings-more-location services) да штиклирате “access to my location”, што значи Google во секој момент ќе ја знае вашата точна локација.

Корисниците на Apple веќе подолго време можат да ја користат оваа опција, а сега и Google ја воведува оваа опција за да им помогне на Андроид корисниците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1