Преку ноќ украден цел дуќан со се ѕидови – останале само плочките и ВЦ школката


Непознати крадци ноќта меѓу саботата и неделата украле цела продавница со инвентарот и надворешните ѕидови! Кражбата сама по себе е куриозитет затоа што продавницата е во самиот центар на Белград на местото Зелени венац и никој од локалните жители и продавачи од околните локали не видел кога е извршена кражбата

ograbena prodavnicaНенад Савиќ, сопственик на пекарата „Сомунче“ вели дека непознати сторители за викендот со брусилица му ја исекле монтажната фасада на фаст фуд продавницата и го однеле целиот инвентар. Савиќ локалот го земал под закуп и требало да почне со работа во вторник.

– Во локалот бев до 21 часот во саботата. Поставував рефлектори и се подготвував за почеток на работата. Сега немам ништо . Однеле се до филџани и виљушки. Ја оставиле само тоалетната школка. Штетата е околу 15.000 до 20.000 евра, вели Савиќ.

Тој на почетокот на февруари го земал под закуп локалот од Бранислава Петроски.

Таа е во шок и претпоставува кој стои зад ова разбојништво и не сака да го открие нивниот идентитет. Бранислава очекува полицијата брзо да ја заврши истрагата и да го открие сторителот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1