Премиерот на Нов Зеланд морал да докажува дека не е рептил!?


Новозеланскиот премиер Џон Кеј тврди дека никогаш не бил на вселенски брод, дека не е рептил и дека јазикот не му е премногу долг и потврда за своето тврдење побарал и од лекар и од ветеринар.

Prime Minister John Key, in the debating chamber for the question time of the new government, Wellington, New Zealand, Tuesday, December 16, 2008. Credit:NZPA / Ross SetfordСо овој свој неверојатен чин Кеј ни потврди дека од политичарите може да се очекува сешто и дека повеќе ништо не смее да не изненади. Премиерот на овој начин се решил официјално да одговори и да ги демантира неодамнешните обвинувања дека е “вонземски рептил кој може да менува форма”, пишува Хафингтон пост.
“Презедов необичен чекор. Посетив не само лекар туку и ветеринар, а обајцата потврдија дека не сум рептил. Никогаш не сум бил во вселенски брод, никогаш не сум бил во вселената, а јазикот не ми е претерано долг”, порачува премиерот Кеј одговарајќи му на Шејн Ворбрук од Оукленд кој минатиот месец побара доказ дека премиерот не е едно од тајните суштества кои управуваат со светот и имаат за цел да ги поробат луѓето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1