Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е пренесен во одделот за интензивна нега откако се влоши неговата состојба, соопшти Даунинг стрит. Портпаролот изјави:
Од неделата навечер, премиерот беше под грижа на лекарите во болницата „Свети Томас“, Лондон, откако беше примен со постојани симптоми на коронавирус.
Во текот на ова попладне, состојбата на премиерот се влоши и, по совет на неговиот медицински тим, тој е пренесен во единицата за интензивна нега во болницата.
Премиерот побара од секретарот за надворешни работи, Доминик Рааб, кој е првиот државен секретар, да го замени каде што е потребно.
Премиерот добива одлична грижа и им се заблагодарува на сите вработени во NHS за нивната напорна работа и посветеност.
Џонсон бил пренесен во единицата за интензивна нега пред само час и половина.
Одлуката ја донесе неговиот медицински тим, откако неговата состојба се влоши во текот на понеделникот. Премиерот е свесен и бил преместен како претпазливост во случај да му треба вентилација.