Премиерот планира да си оди два месеци пред избори – Мицкоски бара 100 дена, Заев дава 60


Партиски извори за „Pressing Tv“ откриваат дека засега нема никакви состаноци помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по референдумот на кои би се разговарало за евентуална поддршка на опозицијата за уставни измени.

Доколку се распишат избори, пржинската влада и техничкиот премиер нема да бидат сто дена пред гласањето како што предвидува Законот за Влада , туку многу помалку.

Од Владата за „Pressing TV“ велат дека роковите за предвремени се покуси во однос на редовни избори и затоа ќе важат скратените рокови.

Од Владата и денеска го повторија ставот дека опозицијата треба да го почитува гласот на речиси 610.000 граѓани кои гласаа на референдумот, но дека во спротивно изборите се неизбежни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вчера беше јасен дека нема да отстапат од она што е пропишано во законот за сто дена пржинска влада, но бараат и да се формира собраниска комисија која ќе ги расчисти нерегуларностите на референдумот, како и да се избере Јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Целата анализа прочитајте ја на следниот линк – Pressingtv.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1