Премиерот Христијан Мицкоски е во Кочани каде се одбележува годишнина од најголемата трагедија во Македонија во дискотеката Пулс во Кочани.
Мајката на еден од загинатите млади лица во трагичната сообраќајна несреќа што го потресе градот, му пријде на премиерот и на неговиот ревер закачи беџ со симбол на скршено срце.

Премиерот присуствуваше на Молитвата за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс, која се одржа во Паркот на Револуцијата во Кочани. По нејзиното завршување Мицкоски се потпиша во книгата на жалост и се сретна со родителите и семејствата на загинатите.
,,Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.

Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.
Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред.
Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети.“ напиша премиерот Мицкоски.









