Емотивна порака од таткото на Надица која загина во пожарот во Пулс во Кочани.


Емотивна порака напиша Александар Наунов, таткото на Надица која загина во пожарот во Пулс во Кочани.

-Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите.

Керко моја, куќата без тебе не е куќа. Тишината без твојата смеа е потешка од секој крик. Секое утро се будам со надеж дека ќе те видам, дека ќе го слушнам твојот глас… но наместо тоа, ја гушкам празнината што остана зад тебе.

Една година те барам во соништата, во ѕвездите, во секој ветер што ќе помине. Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите чекори што никогаш повеќе нема да се слушнат.

Но знај едно, керко моја…

Ти не си само спомен.

Ти си моето срце.

Ти си мојата душа.

И додека јас дишам – ќе живее и твоето име.

Почивај мирно, ѕвездо на татко ти.

Ќе те сакам до последниот мој здив, напиша Александар.

На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе од 200 луѓе беа повредени. Непосредно по несреќата беше одржана итна седница на Советот на Општина Кочани, по што беше прогласена седумдневна жалост – најпрво на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните информации говореа за 59 загинати и над 150 повредени, по завршувањето на лекувањето на повредените и во рамки на обвинителните постапки, конечниот биланс изнесуваше 63 жртви и повеќе од 200 повредени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1