Пренџов: Јасно и гласно кажувам дека ГРОМ продолжува со ВМРО-ДПМНЕ


Љупчо Пренџов, пратеникот на ГРОМ изјави дека неговата партија ќе ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во Студио 10 на Телевизија 24.

„Можам јасно и гласно да кажам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи целта за која што сме во коалиција веќе повеќе од 7 години е да Република Македонија биде просперитетна држава, да бидеме држава која што ќе има еспектиран правен систем и тие се основите со кои што со ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме понатаму, вели пратеникот на ГРОМ.
Според него е јасно ако се гледа трендот во првиот круг јасно е дека ќе губи СДСМ и во следниот, втор круг.

„На пример и да победи Максим Димитриевски во Куманово тоа нема врска со СДСМ, тоа е нивни пораз. Неговата кампања и делување не личи на ништо што прави СДСМ“, вели Пренџов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1