Преплашени патници натерале авион принудно да слета – се слушале „чудни звуци“


Патниците на Боингот 373 на полската авиокомпанија ЛОТ, кој летал за Истанбул, вчера го натерале пилотот непотребно да се врати во Варшава, бидејќи биле преплашени од чудните звуци кои излегувале од леталото.avion 2
Сомнителните звуци кои биле прилично гласни се слушнале во леталото при самото полетување и исплашените патници побарале пилотот веднаш да го врати авионот на земја, иако посадата ги убедувала дека ништо страшно не е во прашање. Како што јавуваат полските медиуми, патниците инсистирале да слетаат, иако им било кажано дека единствено нешто што не смеат да направат е да ја допираат вратата од авионот на одредено место, меѓутоа и покрај тоа леталото било сигурно.

Ова се случува само неколку дена откако авионот на германската авиокомпанија „Германвингс“, според првичните информации, го сруши копилотот Андреас Лубиц.

Во меѓувреме стигнаа реакции на пилоти од целиот свет кои не го одобруваат, како што велат, избрзаниот заклучок дека копилтоот Лубиц намерно го сруши авионот во француските Алпи.

Здружението на германски пилоти вчера реагираше дека сѐ уште е рано да се донесуваат заклучоци додека не се најде втората црна кутија, која содржи детални информации за летот и за неговата висини. Првиот човек на здружението Илџа Шулц смета дека засега се знае „многу, многу некомплетната слика“ од случајот и тој има чувство дека се трага за брз, а не за добар одговор на прањето што му се случило на Еирбасот.

Без да ги коментира наодите на првичната истрага, Британското здружение на пилоти ги поддржа своите германски колеги. Претседателот на тоа здружение изјави дека „темелната истрага точно ќе утврди што се случило и ќе им помогне на пилотите ова да не се повтори“. Портпаролот на пилотската асоцијација од САД потенцираше дека во Америка и во Канада одамна е усвоено правилото двајцата членови на посадата постојано да бидат во кок-питот на авионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1