Прес-конференција на Заев и Јункер – Заев: Прифатливо е име со географска одредница


По средбата во Владата, премиерот Зоран Заев и претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, одржуваат заедничка прес-конференција.
Јункер денеска е во неколкучасовна посета на Скопје, од каде ја почнува и балканската турнеја која на 1 март ја завршува во Софија.Ненајавено, заедно со Јункер во Скопје пристигна и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан

Премиерот Зоран Заев денеска на заедничката прес-конференција во Владата рече дека за Македонија, прифатливо е спорот за името со Грција да се реши со ново име кое ќе вклучува географска одредница кое ќе направи дистинкција меѓу името на нашата држава и регионот во Грција.

Сепак, рече Заев, најважно е да се најде трајно решение за затворање на долгогодишниот проблем.

– Наша должност е да преземеме одговорност за оваа историска можност, да го решиме ова долгоотворено и мачно прашање помеѓу двете земји – рече Заев.

Македонскиот премиер рече дека македонската Влада ја афирмира желбата за посветеност, со лидерство и одлучност да ја изоди оваа делница.

– Пристапувањето кон ЕУ, влијае врз животот на граѓаните. ЕУ потврдува дека иднината на Македонија е таму, со тоа што се оддава признание за нашиот напредок. Имаме уште неколку важни активности кои треба да ги завршиме, со цел 2018 да биде историска година. Извештајот очекуваме да биде позитивен, заедно со пораката – рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1