Пресреќни сме што Милјазим е ослободен во Либија – семејството Гафури


-Ова е среќен ден за нас. По два дена агонија и очекување некаква вест за Милјазим, целото семејство е пресреќно, вели братот на киднапираниот инженер во Либија, Имзит Гафури за Телеграф.мк.

Екипата на Телеграф го посетила селото во кое живее семејството Гафури. Нивната куќа, пренесува порталот, била преполна роднини кои слушнале дека е ослободен,

kidnapirani 1– Милјазим се чувствува добро и не е повреден или мачен. Татко ми се слушнал со него и му рекол дека се завршило во најдобар ред и дека се наоѓаат во италијанската амбасада во Триполи, вели 19 годишниот брат Имзит з Телеграф, додавајќи дека очекуваат Милјазим наскоро да си дојде дома и да си го види семејството.

Семејството е задоволно од грижата која ја покажало македонското Министерството за надворешни работи.  Тие ги негираат информациите дека Милјазим, имал два пасоши или дека сакал да се откаже од македонското државјанство.

29 годишнио Милјазим, раскажува неговото семејство, веќе 11 години живее во Италија и работи како градежен работник.

Во Либија заминал пред една недела преку фирма со седиште во Модена, во градот Зубара.  Милјазим е оженет и е татко на едногодишно девојче.

Во Италија работи и неговиот татко, како и другиот негов брат.

Роднините и соселаните на Милјазим, пишува Телеграф, имале само пофални зборови за него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1