Еден македонски ракометен репрезентативец е повреден во масовна тепачка која вчера доцна вечерта се случила пред млечниот ресторан „Силбо“ на булеварот „Партизански“ одреди спроти Универзалната сала во центарот на Скопје, дознава Press24 од очевидци.
Според информациите на порталот, инцидентот се случил меѓу една група составена од двајца македонски репрезентативци и нивните пријатели и уште една поголема група.
Во тепачката, еден македонски ракометен репрезентативец се здобил со исеченица на раката.
За информацијата се уште нема потврда ниту од полицијата ниту од учесниците во тепачката.