Престрелка во Скопје: Автомобил се преврти на Партизанска


Во престрелка која што се случи вечерва на скопскиот булевар Партизански Одреди, едно лице е рането, на пукањето претходело бркотница со автомобили низ Партизанска.zzzzz

Според последните информации, бркотницата во која што учествувале неколку автомобили започнала кај бензинската станица на „Макпетрол“, по што едно од возилата удрило во бетонската жардиниера и се превртело на булеварот.

Неофицијално, повредениот чие што возило се превртено, бил бркан од друг автомобил и било пукано кон него. Ранетиот веднаш бил пренесен на „КАРИЛ“, а на местото на настанот веќе има екипи од „Алфите“ и Крим техника.

Фото: Фејсбук

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1