ПРЕСУДА ЗА ЗАГИНУВАЊЕТО НА СОПРУЖНИЦИТЕ: Две години затвор за српскиот возач, година за возачот на автобусот (ФОТО)


Двајцата возачи кои учествуваа во сообраќајната несреќа кај Демир Капија, во која загинаа сопружници ќе одговараат за делата.AVTOBUS SOOBRAKJAJKA

Имено српскиот 46-годишен возач Драган Степановиќ , доби две години затвор, а 60-годишниот струмичанец Ѓорги Витанов, доби една година затвор, со поткрепа дека се виновни за извршено тешко дело против безбедноста на луѓето во сообраќајот.

Страшната сообраќајна несреќа се случи на делницата од Демир Капија до Удово, а во неа трагично ги загубија животите двајца сопружници додека нивното дете беше тешко повредено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1