Пресудата за обвинетите за 27 април ќе биде објавена на 15 март


20 дена ќе се пишува пресудата за собраниските настани од 27 април. Судијката Добрила Кацарска вели дека тоа е обемен предмет со многу докази но и видео снимки кои треба детално да се прегледаат.

Пресудата за 17-мината обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, судот ќе ја објави на 15-ти идниот месец.

Одбраната очекува правична одлука од судот и покрај тоа што не се согласува со кривичното дело за кое се гонат обвинетите..

Судењето за 27 април заврши денеска со контра реплики на одбраната и обвинетите откако на вчерашното рочиште на нивните завршни зборови реплицираше обвинителката Вилма Русковска. Таа денеска не беше во судницата па не ги слушна реакциите по нејзиниот говор.

Инаку судскиот процес за упадот во собранието стартуваше лани во август. На обвинителна клупа седеа 33-ца – пратеници, организаторите на протестите за заедничка Македонија, вработени во МВР, собраниско обезбедување. Во декември со Закон беа амнестирани 15-мина и сега пресуда очекуваат останатите 17 обвинети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1