Ѝ пресудила кобната тројка: Јелена e убиена на 3 април, со 33 удари, на 33 години


Јелена е убиена со 33 удари, затоа што тоа e брoјот на годините на Исус кога тој бил распнат, вели медицинската сестра од Виена, Рада Матиќ. Таа е првата и до сега единствена која јавно зборува за тоа дека членовите на семејството на убиената пејачка Јелена Марјновиќ се припадници на секта.91450_1jelena

Како што пишуваат српските медиуми, Рада освен со сопругот Зоран Марјановиќ се допишувала и со свекорот на убиената пејачка, Владимир, кој како што тврди таа, се обидел Јелена да ја воведе во сектата. За тоа да го стори, таа требела прво да пројде низ нивниот ритуал, пишува српски Телеграф.

Како што вели Рада, Јелена била убиена во ритуален обред.

-Таа е убиена со 33 удари, затоа што тоа одговара со годините на Исус, кога тој бил распнат, вели Матиќ.

И покрај тоа што поминаа два месеци од убиството, се чини дека нови детали поврзани со истрагата, или барем теории за завера, се појавуваат секој ден.

-Таа е убиена на 3 април во 3.33 часот по полноќ на свои 33 години. Многу работи се вртат околу бројот три во ова убиство. Дури и нејзиниот сопруг случајот го пријавил три часа подоцна, вели извор близок до истрагата за српски Телеграф кој додал дека е ангажиран сектолог кој би требало да открие за која секта се работи.

-Не би не зачудило причината поради која била убиена Јелена да е токму тоа што не сакала да и се придружи на сектата, додал тој.

Голем број од припадниците на сектите сметаат дека Исус бил убиен на 3 ти април, додека православните верници воопшто не водат полемика околу тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1