Пресуши најголемото езеро во Кина


Појанг, најголемото слатководно езеро и една од најпопуларните туристички атракции во Кина, речиси сосема пресуши.

13114148711nСушењето на езерото Појанг, во централната провинција Џангси, што покриваше површина од околу 4.500 квадратни километри (колку два Лондона), претставува вистинска еколошка катастрофа, предизвикана од комбинација на суша и изградба на нов резерваор за вода на браната „Три клисури“.

По коритото на езерото, кое до пред неколку недели беше под вода, сега е можно непречено да се вози автомобил или велосипед, како и да се дојде пешки до кулата и павиљонот на средината од езерото, до кои некогаш се стигнуваше единствено со брод.

Сушата го откри и древниот камен мост изграден во 1631 година, за време на династијата Минг, што беше прекриен од водите на езерото.

Според весникот „Пекиншки новости“, гранитниот мост, долг 2.930 метри, чии  остатоци се појавија долж брегот на езерото по драстичниот пад на нивото на водата, е еден од околу илјадите слични камени мостови што биле кренати за време владеењето на царевите од династијата Минг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1