Британскиот приватен детектив Мираз Улах Али се наоѓа на мета на остри критики откако во јавност пласираше информации дека исчезнатото девојче Медлин Мекен се наоѓа во Парагвај.
Официјалните лица го изразиле своето незадоволство првенствено поради тоа што детективот не ги консултирал надлежните органи пред да ги обелодени овие недоверливи информации.
Медлин, која сега би имала 12 години, исчезнала во Португалија во 2007 година, после што нејзините родители ги ангажирале сите можни служби за да го пронајдат девојчето. Исто така, тие одредиле износ од 2 милиони евра како награда за оној кој ќе ја пронајде нивната ќерка, под претпоставка дека уште е жива.
Интерпол и парагвајските власти се сомневаат дека Мираз Улах ја измислил оваа приказна за Медлин бидејќи сакал да ги земе парите од нејзините родители.
„Несериозно е туку така да се пласираат информации за малечката Медлин. Тој веднаш од Парагвај отишол за Лондон. Се сомневаме дека сакал да изнуди пари од родителите на девојчето“, рекол министерот за внатрешни работи Рашид Џалил, пишува „The Independent”.