ПРЕСВРТ: Санадер излегува од затвор – Уставниот суд ја поништи пресудата


Уставниот суд во Загреб ја укина правосилната пресуда, со која поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на затворска казна од осум и пол години за случаите „Хипо“ и „Ина – Мол“sanader

„Јутарњи“ повикувајќи се на свои извори во судот, пишува дека пред три дена во главниот хрватски град се одржала седница по повод уставната жалба на Санадер. Засега не е познато дали одлуката е донесена едногласно и какви последици ќе има од неа,  но се’ поизвесно е дека судењето на Санадер по овој предмет ќе биде повторено.

Претходно, загрепскиот Жупаниски суд го прогласи поранешниот хрватски премиер за виновен за извршување на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и го осуди на единствена казна затвор од осум и пол години. За виновни во најголемата корупциска афера во Хрватска „Фими медиа“ се прогласени и останатите обвинети, меѓу кои и партијата ХДЗ.

Покрај оваа афера, Санадер се поврзуваше и со сомнителните приватизации на компаниите „Подравка“ и ИНА, како и со повлекувањето пари од „Хрватското електростопанство“ заради финансирање на ХДЗ.

Беше уапсен во декември 2010 година во Австрија, во покраината Салцбург, врз основа на меѓународната потерница што тогаш ја распиша Хрватска, на чие чело се наоѓаше токму Јадранка Косор, која тој ја назначи за негова наследничка. Бил уапсен на подрачје на покраината Салцбург, на наплатна рампа на автопат.

Инаку, Иво Санадер е роден во Сплит и потекнува од религиозно работничко семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1