ПРЕСВРТ: Ципрас ги прифатил условите на ЕУ и ММФ


Грчкиот премиер Алексис Ципрас подготвен на се со мали исклучоци да ги прифати сите предлози на меѓународните кредитори изнесени минатиот викенд, што го потврдува и писмото чија содржина ја објави Фајненшл Тајмс.merkel-cipras-500

Ципрас навел дека Атина ќе ги прифати сите предлози за реформи на системот за ДДВ но барал посебен попуст од 30% на територијата на островите до кои е тешко да се дојде.

Тој исто така бара поместувањето на границата за заминување во пензија на 67 години да се применува дури од октомври 2022, а не веднаш како што бараат кредиторите.

Уште еден исклучок кој го предложил Ципрас се однесува за на помош за најсиромашните пензионери.cipras-pismoff500

-Како што може да забележите, измените кои ги бараме се конкретни и во потполност складни со генералната идеја на програмата“ – наведува Ципрас во писмото до кредиторите.

Документот од две страни е испратен до Европската комисија, ММФ и Европската централна банка и би можел да послужи како основа за добивање нов пакет финансиска помош во наредниот период, пишува Фајненшл Тајмс.

Министрите за финансии на еврозоната ќе се состанат попладнево за да расправаат за новиот предлог.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1