Пресврт во грабежот: Еве што се случува со дијамантите на Ким Кардашијан!


Полицијата во Франција интензивно ги бара крадците кои пред осум дена од хотелскиот апартман на Ким Кардашијан во Париз однесоа накит вреден повеќе милиони долари, а една случка може и тоа како да ѝ користи на истрагата. Во близина на станот во кој отседнала телевизиската ѕвезда е пронајдена орглица со крст од платина, украсена со дијаманти, а чијашто вредност изнесува околу 34.000 долари.kim-kardashian500

Се претпоставува дека во прашање е огрлица која Ким неодамна ја носела на Модната недела во Париз. Иако се сметало дека грабежот бил организиран до детали, на оние кои ја ограбија старлетата им се случил еден ваков пропуст.

Полицијата се обидува преку накитот да дојде до отисоците и ДНК трагите од сторителот на кражбата. Кражбата, барем така изгледа, значајно го промени однесувањето на Ким Кардашијан.

На нејзините социјални мрежи владее тишина, не се огласува, и само еднаш се има појавено во јавноста!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1