Претапан директорот на паркинзи Центар и функционер на СДСМ – уапсено едно лице


Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Центар и директор на ПОЦ, Саша Богдановиќ синоќа бил претепан пред неговиот дом. Напаѓачите кои биле маскирани го нападнале и удирале Богдановиќ со метални шипки, при што му нанеле тешки телесни повреди. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов изјави денеска дека поради сериозноста на повредите Богдановиќ е задржан на лекување во Ургентниот центар.

sasa bogdanovic

Тој информира и дека на местото на инцидентот се затекнал и полицаец кој успеал да приведе еден од напаѓачите. Од СДСМ бараат ВМРО-МВРО, веднаш да каже кој е сторителот кој е приведен.

Во полицискиот билтен на МВР денеска беше објавено дека околу 2 часот утринава 30-годишниот С.Б. од Скопје пријавил дека околу 10 минути пред полноќ на излегување од возило бил нападнат од две непознати маскирани лица.

Маскираните напаѓачи го нападнале С.Б. и го удриле со тврд предмет и со тупаници, по што го напуштиле местото.

Веднаш по случување на настанот едно од осомничените лица е пронајдено и приведено, а се работи за М.Д.(28) од Скопје.

Од извршениот разговор со истиот причина за физичкиот напад биле претходна расправија околу навивачки групи, стои во билтенот.

Неофицијално, се шпекулира дека станува збор за нерасчистени средства кои требало да се поделат околу протестите организирани од опозицијата. Претходно, некои од порталите пишуваа дека се делеле дневници на дел од лицата кои протестираат кои изнесувале околу 15 евра.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на второто лице како и целосно расчистување на настанот по што ќе следи соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1