Птица му го смачка носот на авион на Turkish Airlines


Прилично неверојатни фотографии се појавија на Twitter,  кои покажуваат што може удар на птица да му направи на патнички авион.

Во прашање е Boeing 737-800 на Turkish Airlines, во кој во моментот на ударот се наоѓале 125 патници, а летал на релација Истанбул-Нејсехир во Турција. Сепак, морал принудно да слета по силниот удар со птицата. Настанот се случил во вторникот, а никој од патниците не бил повреден.avion smackan klun

Пилотот инцидентот го пријавил во контролата на летање, а заради принудното слетување променети се рутите на уште два авиона.

Носот на авионот бил прекриен со крв, а фасцинира деформацијата предизвикана од ударот во птицата.

Откако на Twitter фотографиите ги објави Flight Report, корисниците беа шокирани од големината на штетата на авионот. „Ова е удар на магаре, а не на птица“, пиша еден корисник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1