Скопски таксист бил претепан и ограбен, вчера во населбата Аеродром, информираше МВР.
На 16.11.2018 година во 22.25 часот вработен во Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, телефонски пријавил дека бил донесен А.М.(47), кој од страна на непознато лице бил повреден, велат од МВР.
Според полицијата, разбојништвото се случило околу 19.15 часот на булевар АВНОЈ. Таксистот во моментот превезувал три лица, кои во еден момент го нападнале. Откако го претепале му зеле 920 денари и избегале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.