Претепан лекар во Ургентниот центар во Скопје – го нападнал син на пациентка


Лекар од Клиниката за гастроентерохепатологија бил претепан од син на пациентка, по што со потрес на мозокот и повреди по лицето и главата завршил на Хирушките клиники.

lekari03Настанот се случил завчера попладне на дежурство додека лекарот пунктирал пациентка со малигно заболување на која требало да и се извади вода од стомакот.

Во исто време работел и со друг тежок пациент со крварење. Во еден момент пациентката ја измрдала раката, по што се извадила иглата.

Докторот повторно ја наместил и го замолил семејството кое било бројно, да излезат од болничката соба за да не сметаат и тргнал по ходникот.

Тогаш синот на пациентката на возраст од 25 години, го нападнал од зад грб, почнал да го мава со тупаници по главата и да го пцуе лекарот.

 По ова дошло обезбедувањето, а лекарот итно бил однесен во Ургентниот центар каде што му била укажана лекарска помош и биле направени снимања на главата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1