Претепан скопјанец – му ги земале добитните ливчиња од спортска


Скопјанец бил физички нападнат и ограбен на еден паркинг од страна на две лица, кои притоа му одзеле пари, шест добитни ливчиња од спортска обложувалница и лични документи.

tepacka1-1-Скопската полиција во петокот соопшти дека го открила едниот од напаѓачите, за инцидентот кој бил регистриран на 29 јануари.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Скопје, за сторено кривично дело „разбојништво“.

Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1