Д.С. вчера пријавил дека во скопското село Кучевиште неговиот татко М.С,(71) бил физички нападнат од страна на две непознати лица кои биле со патничко моторно возило.
М.С. со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен Центар-Скопје-КАРИЛ, каде се констатирани тешки телесни повреди во главата и е во неконтактибилна состојба.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.