Претепан сопственик на кафуле во Скопје


Сопственик на кафуле во скопско Радишани бил претепан од двајца насилници.

Како што соопшти полицијата, во недела вечер околу 23 часот, сопственикот на кафулето бил телефонски повикан од вработените да дојде, бидејќи насилниците Д.К. и Б.К. прават проблеми во објектот.tepacka3

Ги затекнал двајцата како кршат шишиња, фрлат маси и кршат дел од инвентарот. Д.Д. ги предупредил да престанат, по што истите почнале да го навредуват, а потоа физички го нападнале удирајки го со нозе во пределот на градите при што паднал на земја. Од страна на гостите напаѓачите биле спречени да продолжат со намерата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1