Претепан таксист за 2.000 денари


Тројца насилници од Тетово нападнале и ограбиле таксист и од него успеале да одземат 2.000 денари, соопштува тамошната полиција. Утринава околу 4 часот насилниците влегле во возилото на крстосницата на улиците Маршал Тито и Јане Сандански, по што почнале да го удираат 61 годишниот Т.С. по главата и телото, по што му се заканиле да им го даде прометот.

Таксистот, исплашен за својот живот им ги дал сите пари, околу 2 илјади денари, по што насилниците му го уништиле радиоприемникот, му го украле мобилниот телефон и паричникот со личните документи и избегале од местото.

Полицијата трага по сторителите.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1