ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД, ОСТАВЕНА БЕЗ СВЕСТ НА УЛИЦА, ОСОМНИЧЕНИОТ ПРИВЕДЕН


Крвнички претепана девојка била оставена без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите, девојката била тепана сè додека не паднала во бессознание, по што била исфрлена од автомобилот и оставена на улица пред маркет. За случајот, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид.

Според досегашните информации, девојката и Х.К. биле заедно во ресторан, каде што започнала расправија. По расправијата, тие се упатиле со автомобил, а според пријавените информации, нападот продолжил во возилото.

Таму, според информациите, девојката била крвнички претепана, сè додека не паднала во бессознание. Потоа, според досегашните сознанија, била исфрлена од автомобилот и оставена на улица пред маркет, во тешка состојба и со видливи повреди.

Девојката била пронајдена и итно пренесена во болница, каде што била хоспитализирана и задржана на лекување поради сериозноста на состојбата.

Случајот бил пријавен во полиција, а полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.К. (31) од Охрид.

Од СВР Охрид информираат дека постапувале по претходна пријава дека тој физички ја нападнал својата девојка.

„Денеска (15.11.2026) во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштуваат од СВР Охрид.

Мајката на момчето кое што е осомничено дека ноќеска ја претепало својата девојка го пријавува таткото на претепаната девојка. таткото на девојката е пријавен дека на семејството на момчето им упатил заканувачки зборови меѓу кои и „ќе ве уништам“. Физички напад не бил пријавен.
Медиумите објавија дека З.К. е син на поранешна претседателка на Антикорупциската комисија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1