Поранешната љубовница на Шабан Шаулиќ, Ивона Неговановиќ -Цуца, постојано добива закани врзани за него. Прво и се закануваа да го симне името на Шабан од прстот, за да не и го исечат, а сега доби и ќотек.
Наводно Цуца се враќала од град, кога одејќи кон својата куќа и пришла непозната женска личност, ја удрила јако во грбот, ја плукнала и кажала:
– Ова ти е опомена, растурачке на бракови и крадливке на сопрузи!
Извори блиски до Цуца велат дека таа е под голем стрес, прво поради тетоважата, а сега и за ова.
– Размислува да го пријави случајот во полиција, но освен дека жената била русокоса, не знае ништо друго. Таа била запрепастена и не знаела како да реагира, дали да возврати и да тргне по неа или да повика полиција. Наместо тоа, само заќутела и си отишла дома. Дури не било ни мрачно за да помисли дека станува збор за грешка, туку за класичен напад.
-Просто не очекувате да ви пријде некој и да ве тепа. Пошто било многу ладно жената имала некоја капа на главата, но Ивона запазила дека станува збор за постара русокоса жена – вели нејзиниот пријател.