Вистински хорор и се случил на 46-годишна скопјанка откако сопругот ја претепал со метална цевка.
Како што соопштуваат од македонската полиција, сопругот ја претепал скопјанката, а потоа бил приведен од страна на полициските АЛФИ.
Според најновите податоци до кои дојде Канал5, жената е хоспитализирана на неврохирургија, се наоѓа во кома и е приклучена на апарати за дишење. Лекарите велат дека има скршен череп и повреди на мозокот и е во многу тешка состојба.
Неофицијално сопружниците кои имаат два деца се разведуваат. Против него имало кривична за семејно насилство и пред три месеци.
Имено, на 04.03.2015 година во Ургентен центар Скопје било донесено повредено лицето Е.Б.(46).
Истата околу 07:00 часот на ул.„Московска“ била физички нападната од пријавениот, кој е нејзин сопруг, при што со метална цевка и нанел тешки телесни повреди и го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки истиот е приведен од страна на Единицата за прв одговор и интервенција “Алфа”.