Претепани момчиња во Козле


На ул.„Џумајска“ бр.9, од страна на неколку лица кои биле маскирани и со безбол палки, рано утрово физички биле нападнати Д.Ф.(1993) и М.Д.(1989), двајцата од Скопје.

tepackamatnoПри нападот оштетено е и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки.

Веднаш после нападот лицата се разбегале, а додека го вршеле нападот не проговориле ништо.

Причината за нападот е непозната. Нападнатите се пренесени во УЦ-Скопје, укажана им е лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1