Момчето кое се родило со дупка на главата, го забележал лекарoт Ели Лаш, кој во тој период пружач лекарска помош кај појасот Газа
Момчето било дел од верската заедница Друза. Тие живеат на териотријата на Сирија, Либан, Израел и Јордан. Реинкарнацијата во нивните животи е прифатена како факт, но неговата приказна сепак ги изненадила сите поради деталите и точноста со која детето го потврдило она што го зборувало.
Детето се сеќавало на своето претходно име, името на селото каде живеел како и на името на својот убиец.
Заминале во селото за да ги проверат неговите тврдења со нив бил и др Лаш. Во својата книга „Децата кои живееле претходно: Реинкарнација денеска“, германскиот терапевт Труц Хардо ја објаснува приказната на ова момче, како и други животни приказни.
Кога стигнале во селото мештаните кажале дека човекот со името и презимето кое го навело детето исчезнал пред 4 години и му се губи секаква трага. Детето рекло ,, мртов сум ќе ви покажам и каде сум закопан,, а потоа им опишал точно како бил убиен. Момчето го посочило убиецот кој пребледел но не признал. Покажал дека убиецот го убил со еден удар со секира во главата и го покажал точното место на ударот на главата – на истото место малото детенце имало и белег.
Во оваа и во некои други култури се верува дека белезите се доказ за некој вид насилство во претходниот живот повеќе – ОВДЕ
Кога стигнале на местото каде детето тврдело дека е телото останале запрепастени. На точната локација нашле скелет кој имал дупка на главата од секира, идентична рана како белегот на детето, а до коските ја нашле и секирата. Тогаш убиецот скршен го признал делото.
Лекарката пред да почине оваа неверојатна приказна му ја раскажала на Хардо.