Decak-kostur-zlocin-secanje01Детето е родено на Голанската висорамнина, во близина на границата меѓу Сирија и Израел, и откако се родил тврди дека во претходниот живот било убиено и тоа со секира. Детето ова го тврдело откако прозборело. Случајот е откриен во 1960 година.

Момчето било дел од верската заедница Друза. Тие живеат на териотријата на Сирија, Либан, Израел и Јордан. Реинкарнацијата во нивните животи е прифатена како факт, но неговата приказна сепак ги изненадила сите поради деталите и точноста со која детето го потврдило она што го зборувало.

Детето се сеќавало на своето претходно име, името на селото каде живеел како и на името на својот убиец.

Dr. Eli LaschЗаминале во селото за да ги проверат неговите тврдења со нив бил и др Лаш. Во својата книга „Децата кои живееле претходно: Реинкарнација денеска“, германскиот терапевт Труц Хардо ја објаснува приказната на ова момче, како и други животни приказни.

Кога стигнале во селото мештаните кажале дека човекот со името и презимето кое го навело детето исчезнал пред 4 години и му се губи секаква трага. Детето рекло ,, мртов сум ќе ви покажам и каде сум закопан,, а потоа им опишал точно како бил убиен. Момчето го посочило убиецот кој пребледел но не признал. Покажал дека убиецот го убил со еден удар со секира во главата и го покажал точното место на ударот на главата – на истото место малото детенце имало и белег.

Во оваа и во некои други култури се верува дека белезите се доказ за некој вид насилство во претходниот живот повеќе – ОВДЕ

Кога стигнале на местото каде детето тврдело дека е телото останале запрепастени. На точната локација нашле скелет кој имал дупка на главата од секира, идентична рана како белегот на детето, а до коските ја нашле и секирата. Тогаш убиецот скршен го признал делото. 

Лекарката пред да почине оваа неверојатна приказна му ја раскажала на Хардо.