Претпладне жешко – попладне повремен дожд


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен североисточен ветер. Поинтензивни поројни врнежи од дожд со грмежи ќе има во вечерните часови.mk skopje vodno sonce22

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а попладне нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

Минималната температура до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 31 степени.

Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во петок. За време на викендот сеуште ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а нестабилноста ќе биде со послаб интензитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1