Претрес во домот на првоосомничениот и 1 ТВ – на Катица Јанева одземен мобилниот


Полицијата вечерва по наредба на Јавното обвинителство влезе во 1 телевизија и во домот на првоосомничениот, јави ТВ21.

Од ОЈО издале наредба за претрес на канцеларијата и домот по денешното приведување.

На обвинителот кој е инволвиран во истрагата вечерва му е одземен мобилниот телефон, дознава Плусинфо од извори во истрагата. Оваа информација ја потврдија за Фокус од Обвинителството.

„Телевизијата Канал 5“ објави дека во моментов полицијата врши претсрес во домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но оваа информација се уште не е потврдена. Јанева денеска си поднесе оставка од функцијата. 

Во Кривичниот суд вечерва на распит е доведен првоосомничениот, откако пред неколку часа таму беше спроведен и второосомничениот бизнисмен. Судот треба да донесе одлука дали ќе им одреди притвор како што тоа го побара Јавното обвинителството

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1