Истиот ден кога целосно ја поништи аболицијата, претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на нови 26 лица од понатамошно издржување на затворските казни.
Одлуката на Иванов е објавена во „Службен весник“. Според она што може да се види, две лица целосно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, на шестмина затворските казни име се заменуваат со условни казни од три односно две години, а 20 осуденици делумно се ослободуваат од казната.
Од кабинетот на претседателот велат дека помилувањата на осудени лица се редовна практика, која не е карактеристична само за празници.