Претседателот Иванов требало да лета со евакуираниот авион – бил најден ,, ничиј,, телефон


Со авионот на Туркиш кој требаше да полета кон Истанбул требало да лета и Претседателот Иванов со делегација која од Истанбул патот требало да го продолжи кон Мадагаскар. turkish-airlines.jpg500

Во авионот откако се качиле патниците, екипажот пронашол мобилен телефон на седиште за кои никој не пријавил дека е негов. Како што налагаат безбедносните процедури патниците биле евакуирани на безбедно а авионот е комплетно претресен и проверен.

Мкњуз доби потврда од аеродромските инфо служби дека е извршена проверка на авионот по што патниците повторно се качиле и авионот ќе полета кон својата дестинација.

Но како што јави Телевизија Нова чија екипа новинар и снимател требало заедно со Иванов да патуваат за Мадагаскар, делегацијата на Претседателот не се вратила во авионот. Од кабинетот на Иванов од безбедносни причини одлучиле да не патуваат со тој авион и откажана е посетата на Мадагаскар.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1