Претседателот на БиХ за едно помилување барал по 15.000 евра


Апсењето на претседателот на Федерацијата на Босна и Херцеговина Живко Будимир е главна вест во медиумите во БиХ.

bih pretsedatelБудимир се сомничи за примање мито при помилување на осуденици, а како што пишува „Дневни аваз”, наводно цената за една година помилување била 30.000 конвертабилни марки(15.000 евра).За нешто повеќе од година, Будимир наводно потпишал 162 помилувања, при што во 32 случаја осудениците во целост ги ослободил од издржувањето на казната.

Адвокатот на Будимир, Фахрија Каркин, рече дека неговиот клиент верува во босанското правосудство. истрагата наводно започнала кога извесен Армин Куловац побарал врска за да може неговиот брат да биде помилуван по пресудите што му биле изречени за силување и трговија со дрога.

Врската наводно функционирала така што заинтересираните за помилување го контактирале Сауд Кулосман и Иван Јурчевиќ, претседатели на бошњачкото и хрватското здружение, кои ги собираат ветераните.Тие, како што пишува весникот, посредувале кај советникот на Будимир, петар Баришиќ, а клучен доказ е телефонското јавување во кое Будимир директно го контактирал Кулосман.

Доколку Будимир биде судски процесуиран, во Парламентот на БиХ може да започне постапка на негова смена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1