Претставка од семејството на Чавков до Народниот правобранител


Семејството на Митко Чавков вчера попладне до Народниот правобранител доставило претставка, потврдија за МИА од Канцеларијата на Омбудсманот.

Оттаму посочуваат дека ќе отворат предмет и ќе ги испитаат наводите во претставката.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од вчера штрајкува со глад во затворот во Шутка.

– Психички е стабилен, но како реакција на неправдата што му е нанесена со определување на мерката притвор, како и товарење за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ донел одлука да штрајкува со глад – изјави адвокатот на Чавков.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1