Американец преживеал блиска средба со мечка така што се сетил и го послушал советот на баба си – својата рака ја бутнал директно во грлото на животното.
Дваесет и шестгодишниот Чејс Делво ловел со својот брат во една шума во Монтана кога одеднаш се појавила мечка тешка околу 180 килограми.
-Бев на само еден метар од неа кога ја забележав. Мечката спиеше и веројатно поради ветрот не ме слушна дека и се приближувам. Направив неколку внимателни чекори, но некако ја разбудив. Тоа беше најгласниот звук кој некогаш сум го слушнал во животот, ја раскажуа својата приказна Чејс.
Мечката го бутнала на земја и го гризнала во пределот на главата и ногата, но Чејс дури и во оваа ситуација успеал да се сети на советот на својата баба.
Со оглед на тоа дека животните брзо се засркнуваат, Чејс одлучил целата рака да ја стави директно во грлото на мечката.
-Успеав! Мечката ме остави на мир по тоа, рекол Делво.
Неговиот брат потоа го однел во болница, каде му се констатирани бројни повреди, поради кои моментално само на главата има речиси 200 конци.
-Само сакам да нагласам дека мечката не е виновна. Таа беше исплашена исто колку и јас, рекол Делви.