Преживеал половина час во канџите на три лава во Зоо во Барселона ( Видео)


Ужасен  инцидент ги стресе посетителите на зоолошката градина во Барселона. Маж, качувајќи се  по ѕидот околу зоната на лавовите, паднал подолу и се нашол во канџите на трите  лава кои го здршале за облеката .Останал околу е 30 минути кај трите лава додека вработените на зоо паркот успеале  да го извлечат, соопштува “Дејли мејл”.leo2

По половина час престој во царството на лавовите, 45-годишниот маж бил спасен од чувари и пожарникари кои ги одалечиле  предаторите  со воден млаз. Кога го подигнале, тој бил покриен одозгора до долу со гребнатини и траги од убоди.Одведен е во болница во тешка состојба, но без опасност за животот.

Според очевидци, мажот се искачи на ѕидот, за да влезе во куќиштето, кога еден од лавовите го апнал за нозе и го свлекол во кафезот на земјата.

Локалните медиуми тврдат дека жртвата е  Хусто Хозе е неонацистички активист. Минатиот месец бил уапсен за распнување на банер со свастика пред познатата зграда “Каса Мила” во центарот на Барселона. Не се знае дали инцидентот во зоолошката градина не е обид за демонстрација. Пожарникарите, го спасиле Хозе со водени топови,  и тврдат дека нема како тој случајно да биде  во зоната на лавовите туку свесно се довел во ризик. Луѓето од зоолошката градина пак сметаат дека лавовите не сакале да го убијат Хозе, туку  само да си поиграат со него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1