Тестирање на младите за дрога, еднаш годишно во Унгарија


Пратениците во унгарскиот парламент од редовите на владејачката Фудес денеска поддржаа предлог за воведување обврзно годишно тестирање за дрога на деца на возраст меѓу 12 и 18 години.droga-630x472

 

Претседателот на парламентарната група на Фидес, Антал Роган изјави дека тој предлог треба да се прилагоди, но дека ќе биде заштита за децата од дрога и ќе придонесе во борбата против трговијата со дрога и организиран криминал.

Се очекува предлог законот да биде подготвен во февруари кога ќе се расправа во парламентот. Резултатите од тестовите ќе им бидат давани само на родителите на децата и оти позитивен тест нема да значи и законски последици за малолетникот.

Портпаролот на Фидес минатата недела изјави дека за тестирање на дрога ќе бидат подложени и политичарите и новинарите, но Роган денеска изјави дека се потребни правни консултации за тој предлог.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1