Еден Французин кој доживеал тешка сообраќајна несреќа, најверојатно ја доживеал најбизарната коинциденција на светот.
Имено, 54-годишниот човек со автомобилот излетал од патот во бездна, но и покрај тоа имал среќа и преживеал со полесни повреди.
Во колата со него била и неговата 16-годишна ќерка, но и таа имала среќа и не била повредена.
Човекот и се јавил на сопругата да дојде по нив, која веднаш тргнала со својот автомобил.
Таа брзала да го спаси сопругот, но на истата кривина на која тој излетал од патот и таа излетала и со автомобилот го прегазила сопругот.
Тој починал на лице место, а жената и ќерката се наоѓаат во болница со полесни повреди.
Kurir