Преживеале хорор- Се сретнале со непознати пријатели од Фејсбук, 20 часа биле мачени (ФОТО)


По 20 часови мачење биле пуштени на слобода со закана дека ќе бидат убиени доколку кажат некому што им се случило.Сестрите Ејми (21) и Никол (19) Рајс биле жртви на запознавање преку „Фејсбук“. Тие прифатиле барање за пријателство од две непознати момчиња, а откако биле пријатели на социјалната мрежа, решиле да се најдат со момчињата, кои двете ги прифатиле за пријатели.sestri

Тие се обиделе да заминат кога момчињата почнале да се однесуваат малку невообичаено и биле претепани. Кога Никол се обидела да избега паднала низ скали и ја повредила главата. Момчињата се изживувале врз двете сестри цели 20 часа по што ги пуштиле на слобода со уцена дека ќе ги убијат доколку на кажат некому што им се случило.sestri2

Полицијата го истражува случајот, а Ејми и Никол активирале страна на „Фејсбук“ на која обелоденија што им се случило и им даваат совети на другите да не прифаќаат за пријатели луѓе што не ги познаваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1