При интернет купување граѓаните да внимаваат на лажните страници и огласи


При интернет купувањето најчест проблем се лажните страници и огласи за што граѓаните треба многу да внимаваат. Ова беше порачано на денешната средба на организациите на потрошувачи на Македонија и на Охрид на која беше промовирана и брошура како граѓаните при интернет пазарење да прават разлика меѓу лажните и реалните интернет страници, кои функционира според законите.internet kompjuter yahoo gmail

Купувањето преку интернет, според Иво Костовски правен советник во Организација на потрошувачи на Македонија, има позитивни и негативни страни. Тој посочи дека се соочуваат со проблеми во однос на лажни или манипулаитвни интернет страни кои продаваат производи на нелегален начин преку интернет, огласи или слично. Најмногу поплаки добивале за проблеми со технички производи, односно користење на правата и обврските кои следуваат од гаранција и гарантниот лист.

– Константно сервисирање производи, задржување производи повеќе од 30 дена, недозволување производот да се замени со нов или да се вратат средствата, сервисирање макисмум трипати по 30 дена, период во кој потрошувачот останува без тој производ, се најчестите поплаки, рече Костовски.

Граѓаните, додаде тој, многу ретко се жалат за нереалните попусти во продавниците. Минатата година имале пријави, но во текот на оваа година немало ниту една поплака за оваа проблематика.

– Во однос на нереалните попусти граѓаните многу ретко се жалат, но тоа не значи дека не постои како проблем. Можеби потрошувачите незнаат каде да се обратат или ги избегнуваат тие продавници. Во текот на оваа година нема ниту еден ваков пријавен проблем, истакна Костовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1