При татко растев без татко и тоа заради љубовта кон Македонија – исповед


При татко, цел живот бев сирак, се првите зборови што ни ги искажа со болка во гласот и солзи во очите како семејно патешествие, 70-годишната Трајанка Ристевска од Битола. Таа е ќерка на големиот македонски патриот Благој Шамбевски (1921-1974), предводник на современата илинденска борба за независност и обединување на Македонија. Бил меѓу првите осудени од комунистичките власти, на 14 години затворска казна во Идризово под обвинение дека членувал во тајно движење за обединување на Македонија. Подоцна, како емигрант во Минхен, Германија, каде што продолжил да ја шири истата идеја меѓу иселениците, бил свирепо ликвидиран, како што се претпоставува од тајните југословенски служби.

Првпат го видов татко ми во Идризово

Неговата ќерка Трајанка н` прими во семејниот дом во битолската населба Баир во соба во која како најголема драгоценост ги чува старите фотографии од својот татко. За првпат во јавноста зборува за страдањата и жигосувањата што ги претрпеле како семејство на патриот, кој непосредно по ослободувањето бил затворен поради идејата за независна Македонија.sambevski

Тоа време било пеколно за сите нив. Трајанка и мајка ~ живееле жигосани од општество, без пари, по влажни визби, повеќе гладни отколку сити. Спомените и денес ~ се навраќаат и како нож ~ го кинат срцето. И сега може да ја намириса мувлата од влажните соби под кирија. Понекогаш и ги бркале бидејќи немале пари да ја платат наемнината. Со судската пресуда им биле укинати сите граѓански права, па мајка ~ не можела да се вработи. За да се прехранат, плетела кошници, па живееле на леб и пипер. Една од газдариците каде што биле кираџии, се сожалила на нив, па им давала по грутка ќумур да се згреат зиме.

Четиринаесет години пораснала покрај жив татко, без татко. Токму кога изгубила надеж дека ќе го види жив, тој се вратил дома.

-Нема човек кој не би се натажил над неговата судбина. Kога се врати од затвор раскажуваше дека таму многу прострадал. Го слекувале гол, со греди го мавале, спици под нозете му качеле, со жилети го сечеле. Го давеле, многу го мачеле. Велеше ќе н` слечеа голи и со гради на нас маваа, а ние повраќавме. Ќотек дење – ноќе – раскажува Трајанка и плаче.

Четири години проживеале заедно. За тоа време постојано бил следен, малтретиран, испрашуван. На крајот на домашните им соопштил дека веќе не може да живее во Југославија и дека на извесно време ќе отпатува во Германија. Трајанка го отпратила до станица. Чувствувала дека повторно го губи, но не можела да претпостави дека го гледа за последен пат.

– Пеш одевме. Ми рече: „Немој да плачиш, јас ќе се вратам. Ќе ти купам сатче, букетче“. Тогаш тие пусти букети беа во мода. Ме заграби, почна да плачи, ме избакна и се качи на возот. Му реков, не плачи ќе се вратиш за 15 дена. Одговори: „Жал за тебе“. Тргна во плато и не ни кажа дека ќе остане таму – додава Трајанка.

Со шеснаесет други Македонци заминал за Грција, а потоа оттаму за Германија. По некое време им стигнало писмо во кое им соопштил дека нема да се врати дома. Ги викнал да му се придружат. Но, сопругата не сакала да замине.

Шамбевски никогаш не се вратил во родната земја. Во Германија продолжил да работи на пропагандата за нејзина независност и обединување. Станал организационен секретар на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), а истовремено бил дел од редакцијата на весникот „Македонска нација“.

Шамбевски во Германија се преженил и со сопругата Зора, која била Хрватка, го добил синот Роберто. Но, не проживеале долго заедно зашто бил убиен ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година. Убиството се случило во хотелот „Ројал“ во Минхен каде што работел како ноќен портир. Никогаш не била поведена истрага за убиството, па не бил најден ни злосторникот, иако полицијата пет дена не им го давала на семејството телото на покојникот.

Kој бил „гревот“ на Шамбевски

Благоја Шамбевски по НОБ работел в касарна на ЈНА. Kога дошле, сите старешини во касарната биле Срби. Се прашувал како направивме македонска војска кога командата не е македонска, како направивме македонска земја без сите нејзини делови. Така почнале да се собираат патриоти кои не биле задоволни од исходот на социјалистичката револуција.

– Неговата задача во тоа движење била да направи шема каде се магацините со оружје. Во тоа време во Грција, Македонците веќе биле вклучени во војната, во Пиринот веќе на македонски се учело. Па, приврзаниците велеле дека ќе мора повторно да се фатат за оружје. Тој направил шема како може да се дојде до магацините ако затреба, направил и нацрт каде се становите на српските старешини. Но, не се обиделе. Тоа било за не дај боже – раскажува Kрбалески.

Потрага по синот во Германија

Шамбевски денес има живи потомци во Македонија и во Германија. Првата и втората сопруга му се починати. Но, жив е полубратот на Трајанка во Германија, Роберто Шамбевски. За жал, семејствата не можат да остварат контакт.

-Во 90-тите години јас бев во Минхен и прашував за гробот, но не можев да го најдам. По писмата што ни ги пушташе порано, го најдов станот во кој живееше. На него уште пишуваше Благој Шамбевски. Но, вратата ни ја отвори еден човек од Полска. Рече овде јас живеам подолго време, не знам каде се претходните станари – раскажува внукот од ќерка на Шамбевски, Златко Ристевски.

– По ликвидацијата на Благој, сопругата Зора многу го чувала синот, а и други им сугерирале да се чува, да ги тргнат на страна. Затоа и се преселиле во Нирнберг, а го оставиле станот на Полјакот. Тој работел во печатницата во која се печател весникот „Македонска нација“. Го загубила мажот, а стравувала за детето. Заради тоа ги прекинале контактите – вели Kрбалески.

Сега тој е женет во Германија, а Kрбалески со своите приврзаници се обидуваат да ја пронајдат неговата точна адреса.

Целата сторија на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1