Придавката „македонски“ двапати во извештајот


Европската комисија уште еднаш како и лани, двапати ја употреби придавката „македонски” во годинашниот извештај за напредокот на земјата во европските интеграции, јавува дописникот на МИА.

Ако лани придавката што исчезна од извештаите пред две и три години беше употребена за да се истакне „македонската Влада” и „македонските институции” и овојпат ЕК слично го употребува истото, повторно свесно избегнувајќи да ги именува „македонскиот јазик, идентитет, народ и нација”.

mk i eu– Македонската Влада продолжува со посветеноста на процесот за пристапување кон ЕУ, најмногу преку Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) и имплементација на реформите поврзани со Унијата – гласи првата употреба на придавката, што се наоѓа на седмата страница од извештајот.

– За решавање на отворените прашања, македонските власти продолжуваат со работа на нова правна рамка што ќе ги замени главните закони за цивилните и јавни службеници и ќе ги овековечи основните принципи на транспарентност, заслуги и правична застапеност – се наведува на осмата страница од извештајот, каде за втор и последен пат е употребена придавката.
Како што е познато, откако пред две и три години Комисијата во извештаите за Република Македонија одбегнуваше да ја употреби придавката „македонски”, по заканата од македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека тој нема да прими нов извештај од Европската унија без да ја содржи придавката, официјален Брисел се одлучи на лаконско решение со кое не ја именува нацијата и јазикот, но институциите и владата како „македонски”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1